Скопје денеска е на деветото место во светот според загаденоста на воздухот, покажува листата на платформата „Ајкјуер“ - светски индекс каде се мери квалитетот на воздухот.
Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, воздухот во Скоје е карактеризиран како „нездрав“ за дишење и не се препорачува претстој на отворено за лицата со чувствително здравје.
Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, индиска Калкута, Шангај во Кина, Катманду во Непал, Мумбај во Индија, Карачи во Пакистан и кинескиот град Хангжу.
Поради високото ниво на аерозагадување, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) на 27 декември воведе мерки и даде препораки за заштита на населението во Скопје.
Видете и ова: Скопје се дави во загаден воздух, малигните заболувања во порастСепак мерките беа укинати вчера, откако Државниот автоматски мониторинг систем утврдил дека на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3.
Загадениот воздух не е ништо за ново за главниот град, но и покрај тоа, ако се погледне распределбата на парите во Буџетот за 2024 година, се гледа дека заштитата на животната средина е меѓу најмалку приоритетните прашања.
Еко-активистите укажуваат дека за Владата не се битни ниту анализите на Европската агенција за животна средина дека во 2021 поради загаден воздух во Северна Макеоднија починале 5.600 луѓе.