Украинските воздухопловни сили на 6 јануари соопштија дека го уништиле рускиот команден центар во воздухопловната база Саки на окупираниот полуостров Крим во напад во текот на ноќта.
„Сите цели се соборени“, напиша командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека Русија загубила „уште едно командно место на Крим“.
Овие вести доаѓаат еден ден откако Украина соопшти дека извршила одвоени напади врз командно место на руската војска и воената единица на Крим, нанесувајќи му „сериозна штета“ на рускиот одбранбен систем.
Наталија Хуменјук, портпаролката на одбранбените сили на јужна Украина, на 5 јануари, изјави дека на почетокот на оваа недела се одржале „навистина моќни борбени“ операции, кои особено ги погодиле руските воени центри на Крим.
„Не беше погодено само едно командно место“, рече таа во изнесувањето на малку детали за операциите во Украина.
Русија пак утрово на 6 јануари пак тврдеше дека нејзините сили собориле четири украински проектили на Крим во текот на ноќта.
Извештаите не можат да бидат независно проверени.
Видете и ова: Украинската кампања на Крим продолжуваОд бруталната инвазија на Москва над Украина во февруари 2022 година, украинските сили вршеа чести напади врз руски воени цели на Крим, кој беше незаконски анектиран од Русија во 2014 година.
Воздушното поле Саки стана познато во медиумите во септември 2023 година кога Украина соопшти дека нејзината војска го погодила објектот, предизвикувајќи „сериозна штета“ на оваа локација. Официјалните лица на Крим инсталирани во Москва го негираа тврдењето.
Воздухопловната база исто така беше под напад на Украина во август минатата година, при што Киев тврди дека во нападот биле уништени најмалку девет воени авиони, вклучувајќи ловци Су-30СМ и бомбардери Су-24М.
И Украина и Русија ги ескалираа нападите во последните денови, бидејќи воениот конфликт се одолговлекува повеќе две години.
Видете и ова: Руските сили пресретнале 36 украински дронови над Крим и Краснодарската областВо провинцијата Доњецк на истокот на Украина, локалните власти тврдеа дека руските трупи го гранатирале градот Покровск доцна на 5 јануари, предизвикувајќи „жртви“.
„Вечерва Русите двапати го гранатираа градот, погодувајќи ја административната зграда. Гаража и автомобили се во пламен“, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа, Вадим Филашкин.
„Според прелиминарните информации, има жртви“, напиша тој, објавувајќи фотографии од запалена и делумно уништена зграда.
Во Москва, висок руски функционер беше цитиран со изјава дека Русија планира да произведува 32.500 беспилотни летала секоја година до 2030 година, одвојувајќи 7,66 милијарди долари за проектот.
Видете и ова: НАТО и Украина ќе разговараат за противвоздушна одбрана по руските ракетни напади„Ова е речиси три пати поголемо од сегашниот обем на производство“, беше цитиран првиот вицепремиер Андреј Белоусов од новинската агенција ТАСС на 6 јануари.
Дроновите се широко користени и од Москва и од Киев уште од почетокот на војната. Русија најмногу се потпира на евтино произведените беспилотни летала Шахед од Иран во нејзините воздушни напади врз украинската инфраструктура, подалеку од линиите на фронтот на истокот и југот на земјата.