Во вторник, Управата за финансиската полиција најавува влез во М-НАВ. Финансиските инспектори ќе го испитуваат целокупното финансиско работење, работата на целокупниот менаџмент, јавните набавки, работењето на синдикатот како и последните вработувања, јави телевизија Сител.
Влезот на Финансиската полиција во М-НАВ следува по вчерашниот инцидент во кој Беким Незири, вработен во институцијата и неколку други лица упаднаа во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром по прес-конференцијата на синдикатот на М-НАВ, на која порачаа дека нема да прифатат партиски вработувања.
Видете и ова: Меѓусебни обвинувања на синдикатот и раководството во М-НАВ по инцидентотДенеска, и дел од раководството на М-НАВ и синдикатот настапија со меѓусебни обвинувања и за непотизам во институцијата.
Синдикатот на контролори на летање се закани дека доколку директорите не поднесат оставки или не бидат разрешени, ќе стапат во генерален штрајк.
По вчерашниот инцидент во М-НАВ, Владата најави разрешување на раководството и ревизија во оваа институцијата.
Осуда за настанот стигна и од претседателот Стево Пендаровски, кој побара МВР во најкус можен рок да го расветли случајот.
Видете и ова: „Вандализмот“ во М-НАВ последен во низата скандали поврзани со ДУИОткако медиумите објавија дека еден од учесниците во инцидентот е и Беким Незири, претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир и воедно вработен како советник во Македонската навигација, стигна реакција од неговата матична партија.
Од ДУИ велат дека инцидентот неправедно и се препишува ним. Од партијата сметаат дека инцидентот е „резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ“.