Двајца претседателски кандидати против Путин на изборите во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин

Централната изборна комисија на Русија регистрираше двајца кандидати кои ќе му се спротивстават на Владимир Путин на претседателските избори во март, јавува рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Комисијата на 5 јануари ги одобри Леонид Слуцки, шеф на Долниот дом на парламентарната комисија за меѓународни прашања и Владислав Даванков, потпретседател на Долниот дом, како кандидати на изборите закажани за 17 март.

Видете и ова: Пет избори кои ќе го обликуваат светскиот поредок во 2024 година

Слуцки е член на националистичката Либерално-демократска партија, додека Даванков е од Новата народна партија.

Се очекува ниту еден од кандидатите да го предизвика Путин. Неговите главни ривали, Алексеј Навални и Владимир Кара-Мурза, се во затвор и отслужуваат долги казни за кои велат дека се политички мотивирани.