Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) силно ја осудуваат секоја форма на насилство и велат дека настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност.
Интегративците порачуваат дека истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.
„Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика. Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа“, се вели во партиското соопштение.
Од ДУИ велат дека никој не е над законот, но, како што се наведува во соопштението, партијата „се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“.
Инцидентот кој се случи во просториите на контролата за летање на меѓународниот аеродром беше пријавен во полиција.
Видете и ова: Меѓусебни обвинувања на синдикатот и раководството во М-НАВ по инцидентотОд Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска, МВР информира дека во полициска станица се врши службен разговор со Беким Незири, кој е претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир и воедно вработен како советник во Македонската навигација, а кој бил дел од вчерашниот напад во М-НАВ.
Незири е и поранешен министер за економија од редовите на ДУИ во Владата на Никола Груевски, претходно директор на Фондот за пензиско осигурување, а претходно директор и член на Управниот одбор во М-НАВ.
Видете и ова: „Вандализмот“ во М-НАВ последен во низата скандали поврзани со ДУИОд Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање.
„Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста“, велат од прес-службата на ЈО.