Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по серијата случувања во М-НАВ, во кој последен беше инцидентот со физички напад на вработени во Контролата за летање.
Тасевски во изјава за медиумите дадена по средбата рече дека Делегацијата на ЕУ и амбасадите ревносно ги следат сите случувања и дека биле запознати со целата ситуација.
Видете и ова: Нападнати контролори на летање, МВР истражува кои се насилниците„Тие беа премногу запознати со целата ситуација, ги разбраа нашите барања за професионализам. Дефинтивно имавме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме и ние да функционираме. Ни дадоа поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање. Жално е што ова одекна насекаде“, рече Тасевски.
Посочи дека ги известиле сите синдикати од Европа со кои соработуваат и дека во знак на поддршка се организира посета на нивни претставници на земјава. Воедно, кажа дека ја известиле и Светската органзиација на контролори на летање и меѓународни организации.
„Ова веќе ги поминува гранциите од нашата држава бидејќи очигледно е дека ако останеме во рамки на нашата држава, не ја добиваме потребната поддршка во однос на она што треба да се направи за да бидеме професионална контрола на летање“, рече Тасевски.
Ги повтори следните чекори на синдикатот и најави дека доколку не се испочитуваат, од 10 јануари ќе биде затворен воздушниот простор над државата.
Хамиди: Доведена е во прашање репутацијата на М-НАВ
По вчерашниот инцидент, прес конференција одржа и претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди. Тој тврди дека М - НАВ како давател на услуги во воздухопловството гарантира дека безбедноста ниту била, ниту ќе биде загрозена.
Хамиди рече дека претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски постапува од негови лични мотиви и интереси и дека репутацијата на компанијата е доведена во прашање поради лажни клевети.
„За жал, имаме лукративни и лични интереси и нека му е на чест. Тој кажува за непотизам и за партиски вработувања само заради дефокусирање на јавноста. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, тогаш беше примен и тој, истовремено и брат му работи како контролор“, рече Хамиди.
Видете и ова: Најавени масовни оставки на контролорите на летањеОние што ги исполниле условите на конкурсот за кој реагираше Синдикатот, според Хамиди, се примени, а некои заради неуреден стаус не се. Отворени се, како што рече, за сите можни постапки од институциите, Антикоруциската, Финансиската полиција.
Хамиди рече дека е подготвен да даде оставка, но како што посочи, Владата веќе најавила дека ќе го разреши раководството.
По вчерашниот инцидент во М-НАВ, Владата најави разрешување на раководството и ревизија во оваа институцијата, а Струковиот синдикат на контролори на летање генерален штрајк доколку директорите не поднесат оставки или не бидат разрешени.
ОЈО очекува кривични пријави од МВР
Од Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање.
„Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста“, велат од прес-службата на ЈО.
Видете и ова: ЈО презема мерки за расчистување на настанот во Контрола на летање, се очекува пријава од МВРОд Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска, МВР информира дека во полициска станица се врши службен разговор со Беким Незири, кој е претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир и воедно вработен како советник во Македонската навигација, а кој бил дел од вчерашниот напад во М-НАВ.
Незири е поранешен министер за економија од редовите на ДУИ во Владата на Никола Груевски, претходно директор на Фондот за пензиско осигурување, а претходно директор и член на Управниот одбор во М-НАВ.
Видете и ова: „Вандализмот“ во М-НАВ последен во низата скандали поврзани со ДУИВо наредниот период, МВР соопшти дека континуирано ќе ја обезбедува зградата на Македонската навигација.