Кривичниот суд им ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена на осомничените киднапери В.М., В.К. и Б.В. за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74- годишниот Панче Жежовски.
Во соопштението од судот е наведено дека е продолжен притворот и за А.Ѓ. кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка.
Нови 30 дена притвор доби и осомничениот С.Д. возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Љупчо Палевски на кој му е одреден привремен затвор во Затворената казнено-поправна установа Баликесир во Турција.
Видете и ова: Правда: 40 дена привремен затвор за Палевски во ТурцијаПостапката за екстрадиција на Палевски, како што информираше Министерството за правда кон средината на минатиот месец, ќе трае неколку месеци.
Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година.