Висок командант на иранската милиција во четврток (4 јануари) загинал во воздушен напад врз седиштето на милицијата во центарот на Багдад, соопштија претставници на милицијата.
Нападот доаѓа во време на зголемени регионални тензии поттикнати од војната меѓу Израел и Хамас и стравувањата дека може да се прелее во околните земји.
Коалицијата на милиции, под контрола на ирачката војска, во соопштение наведува дека нејзиниот заменик-началник за операции во Багдад, Муштак Талеб ал-Саиди или „Абу Таква“ бил убиен „како резултат на брутална американска агресија“.
Не е јасно кој го извршил нападот, а американските претставници и амбасадата во Багдад не одговорија веднаш на барањата за коментар, пренесе агенцијата АП.
„Две лица загинаа, а пет беа ранети во нападот“, изјавија за АП двајца претставници на милицијата кои сакаа да останат анонимни.
Видете и ова: Иран ги обвинува Израел и САД и најавува одговор по експлозиите во кои загинаа 84 лицаСилно обезбедување беше распоредено околу местото на ударот во палестинската улица во Багдад, а на новинарите на АП не им беше дозволено да се приближат до зградата која беше погодена.
Од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, милиција поддржана од Иран, која себеси се нарекува Исламски отпор во Ирак, изврши повеќе од 100 напади врз американските војници во Ирак и Сирија.
Видете и ова: Израел ја продолжува офанзивата на Газа во војна за која вели дека ќе трае „со месеци“Групата рече дека нападите се како одмазда за поддршката на Вашингтон за Израел во војната против Хамас во која загинаа повеќе од 20 000 луѓе во Газа, а имаат за цел да ги истиснат американските сили од Ирак.
Нападот доаѓа два дена по убиството на заменик-лидерот на Хамас, Салех Аури, од израелско беспилотно летало во предградие на Бејрут. На прашањето дали Израел бил вмешан во нападот во Багдад на 4 јануари, портпаролот на израелската армија одбил да одговори, пишува АП.