Низ Србија во 2023 година поминале 107.374 мигранти, објави српскиот комесаријат за бегалци и миграција (КИРС).
Како што е наведено на веб-страницата на КИРС, тој број е за повеќе од 12 проценти помал во однос на 2022 година.
„Миграцијата не треба да се сфати како нешто лошо што се случува во општеството, само важно е да се управува на вистински начин“, рече комесарката за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ.
Таа додаде дека центрите за прием на мигранти и центрите за баратели на азил во Србија се пополнети помалку од 50 проценти. Таа изјави дека во 18 вакви центри низ државата престојуваат 2.700 лица.
Видете и ова: Евростат: Бројот на депортирани мигранти зголемен за 12 процентиПодготвени сме да реагираме адекватно доколку има зголемен број на мигранти. Сега повеќето од нив доаѓаат од Сирија, Пакистан, Авганистан и Мароко“, рече Станисављевиќ.
Таа оцени дека Србија има хуман пристап кон мигрантите и изјави дека сите кои поминале низ прифатните центри биле соодветно згрижени, дека им била обезбедена здравствена заштита, образование, сместување, храна и облека.
На крајот на 2023 година, Советот на Европа и Европскиот парламент се договорија за промена на мигрантската политика на Европската унија, чии клучни моменти се забрзување на постапката за одлучување на границите, поширока примена на концепт на безбедна транзитна земја и дефиниран начин на дејствување во кризни ситуации.