Бројот на загинати во рускиот напад врз украинскиот главен град Киев на 29 декември се зголеми на 30, соопшти воената управа на градот Киев.
„Едно лице почина во болница од повредите здобиени од гранатирањето“, соопшти воената управа, додавајќи дека 29 лица се повредени.
На 29 декември Русија лансираше 158 беспилотни летала и проектили низ Украина. Повеќе од 40 луѓе загинаа, а повеќе од 150 беа ранети.
Видете и ова: Борел: Русија ќе одговара за воените злосторства во УкраинаВо меѓувреме, Украина изврши напад со беспилотни летала врз руски Белгород, изјави во средата гувернерот на регионот што граничи со Украина, додавајќи дека неколку беспилотни летала се уништени на приодот кон градот Белгород, административниот центар на регионот.
Руското Министерство за одбрана подоцна на Телеграм објави дека руските системи за противвоздушна одбрана уништиле вкупно 12 украински ракети над регионот Белгород.
Се претпоставува дека повеќе од 20 лица загинале во украинското гранатирање на Белгород на 30 декември.