Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека случајот со заплената на поголема количина пиротехнички средства во возлилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, е процесуиран во Обвинителството како и за секој граѓанин.
„Мојот став е таков како што е и од институциите, дека се работи за регуларна проверка во која што било идентификувано лице кое што внесувало пиротехнички средства. Целиот случај потоа е предаден на Обвинителство како и за секој друг граѓанин“, одговори Ковачевски на новинарско прашање во однос на наводни шпекулации дека политиката замешала прсти во случајот со Дрин Ахмети.
На 30 декември, во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. Од МВР тогаш соопштија дека при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства, дека лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Видете и ова: Приведен Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и косопственик на „Соравија“Од Основното јавно обвинителство Скопје во врска со пронајдените пиротехнички средства, соопштија дека ќе одлучуваат откако ќе се направи нивно вештачење. За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител, посочуваат, ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на Д.А. од Зајас на првиот ден од новата 2024 година, изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај.
Видете и ова: Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за внукот на АхметиИмето на внукот на Ахмети стана познато во јавноста во јуни годинава, кога беше објавено дека го купува деловниот објект „Соравија“ во центарот на Скопје вреден милиони евра. Тогаш не беше објавено колку чини купувањето на трговскиот центар, туку само дека има долг од над 20 милиони евра.
Со свои 25 години, внукот на Ахмети има повеќе бзниси. Покрај купувањето на Соравија преку компанијата „Тор индустрис“, Дрин Ахмети преку друга негова компанија, „Еверест ЏД“ поседува и активна концесија за експлоатација на варовник во Зајас.