Баба од Чиле наоѓа утеха и слава во видео игри

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Малкумина играчи на онлајн видеоиграта „Free Fire“ знаат дека еден од нивните најжестоки противници е всушност 81-годишна баба од руралните средини на Чиле. Од нејзиниот професионален гејмерски стол во дом во градот Леј-Леј, на 90 километри од Сантијаго, Марија Елена Аревало станува безмилосен ловец, спротивставувајќи им се на ривалите во игра во која десетици милиони играчи пукаат за да преживеат на имагинарен остров.