Данската кралица изненади со најава дека се повлекува од престолот

Данската кралица Маргрета Втора одржува новогодишен говор од п замокот Амалиенборг, во Копенхаген, Данска, на 31 декември 2023 година, најавувајќи ја претстојната абдикација.

Во традиционалниот новогодишен говор, данската кралица Маргрета Втора најави дека ќе абдицира од оваа функција и дека повеќе нема да биде кралица.

Според првичните информации, кралицата треба формално да го напушти тронот на 14 јануари, по поминати 52 години на престолот на Данска.

На оваа функција треба да ја наследи нејзиниот најстар син, принцот Фредерик.

Видете и ова: Парламентарни избори во Данска

Откако ја објави одлуката да абдицира, кралицата им се заблагодари на сите за големата поддршка и помош што ја добивала низ годините.

„Се надевам дека новата кралска двојка ќе биде пречекана со истата доверба и наклонетост како мене. Боже, чувај ја Данска“, рече таа.

Оваа одлука е прилично шокантна за данската јавност. Се обрати и премиерката на Данска, Мете Фредериксен.

„Во име на целото население, од се срце би сакал да ѝ се заблагодарам на нејзиното височество за нејзината доживотна посветеност и неуморните напори за Данска. Иако должноста и функцијата се пренесуваат повеќе од 1.000 години, сè уште е тешко да се разбере дека е дојдено време за промена на престолот“, рече таа.

83-годишната кралица, која го презеде тронот во 1972 година, е монарх со најдолг стаж во Европа по смртта на британската кралица Елизабета Втора во септември 2022 година.

Во Данска, формалната моќ ја има избраниот парламент и неговата влада. Кралицата имаше традиционални должности, како државни посети или учество во прослави на националниот ден на Данска.