Машко е првото бебе родено во 2024 година

Илустрација

Првото бебе годинава се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство(ГАК) во Скопје, точно на полноќ.

Бебето е машко, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.

Видете и ова: Првороденото бебе во 2022 година е машко

Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

„На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство“, соопштија од клиниката.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Фатмир Меџити и Јованка Тренчевска најавија дека денеска ќе ги посетат мајката и бебето.

И минатата 2023 првото бебе родено веднаш по полноќ беше машко и се роди на истата клиника.