Војската на Соединетите Американски Држави (САД) на 31 декември соопшти дека хеликоптерите на нејзината морнарица пукале врз чамци на бунтовниците Хути, поддржани од Иран, во близина на Јемен. Бунтовниците напаѓале товарен брод, а јеменски извори известуваат за 10 убиени бунтовници.
Хеликоптерите на американската морнарица денеска потопија три од четирите мали чамци на Хутите, кои планираа да го нападнат трговскиот брод „Маерск Хангжу“ во јужниот дел на Црвеното Море, соопшти американската Централна команда.
Видете и ова: Блинкен ги осуди нападите на Хутите врз бродови во Црвеното МореНикој од потопените чамци не преживеал, а Хутите со четвртиот чамец побегнале, се вели во соопштението на американската Централна команда.
Соединетите Држави на почетокот на месецот формираа мултинационална поморска работна група за да го заштитат виталниот бродски пат од нападите на Хутите.
Бунтовниците, кои велат дека се солидаризираат со Палестинците во војната во Газа, постојано пукаа со беспилотни летала и проектили врз бродовите што минуваат низ теснецот низ кој минува 12 отсто од глобалната трговија.