Путин во новогодишното обраќање само попатно ја спомна Украина

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русите да не гледаат назад, туку „да одат напред и да ја креираат иднината“.

Годишното кратко новогодишно обраќање на Путин беше емитувано на државната телевизија, додека источните региони на земјата ја дочекаа 2024 година.

„Се збогуваме со 2023 година, наскоро таа ќе стане дел од историјата и мораме да одиме напред, да ја креираме иднината“, рече Путин.

Тој во своето новогодишно обраќање направи само попатна референца за војната во Украина, поздравувајќи ги неговите војници како херои, но најмногу нагласувајќи го единството и заедничката одлучност. Тој рече дека војската ја чувствува поддршката на милиони Руси.

Русија ја нападна соседна Украина во февруари 2022 година и оттогаш се бори таму.

Украина не беше спомната по име, ниту „специјалната воена операција“, терминот што Путин го користи за војната.

Притоа, рускиот претседател напомена дека следната година во Русија е прогласена за година на семејството.

Телевизиското новогодишно обраќање на Путин беше снимено со традиционален поглед на Кремљ во позадина.

Минатата година, пак, додека се обраќање за Нова година, во позадина имаше луѓе во воена униформа. Се тврдеше дека биле учесници во војната со Украина.

Во видео пораката немаше новогодишни атрибути.

На 31 декември, на руските социјални мрежи се појавија извештаи дека видео пораката на Путин била повторно снимена поради гранатирањето на Белгород во саботата, на 30 декември. Притоа загинаа 24 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги демантираше информациите за повторното снимено видео.