Во дел од светот дојде Новата 2024 година

Архивска фотографија - Прослава на Нова година во Нов Зеланд

Први во светот Новата 2024 година ја дочекаа жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати. Таму живеат околу 5.000 луѓе. Тие ја пречекаа Новата година со огномет и забави на отворено во јужниот дел на Пацификот.

Киритимати, најголемиот остров на пацифичката островска држава Кирибати, е првиот населен остров каде започнува секоја нова година.

И жителите на островите на архипелагот Чатам, дел од територијата на Нов Зеланд, неколку минути подоцна ја прославија Новата 2024 година. Околу 700 луѓе живеат на островите, лоцирани на околу 800 километри источно од јужниот остров на Нов Зеланд.

Видете и ова: Преку војните во Газа и Украина, Кина се обидува да го води глобалниот југ

Првиот голем меѓународен центар што ќе ја пречека Новата година ќе биде најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд.
Американска Самоа, пак, ќе биде последната што ќе ја дочека Новата 2024 година.