Русија изврши голем воздушен напад врз североисточниот украински град Харкив ноќта меѓу 30 и 31 декември при што беа оштетени станбени згради, клиника, хотел и друга цивилна инфраструктура, соопштија украинските власти.
Кабинетот на градоначалникот на Харкив објави на социјалната мрежа Телеграм дека има „16 жртви“ на нападот, без да даде детали. Украинското обвинителство соопшти дека 26 лица се повредени. Немаше моментални извештаи за жртви.
Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко изјави дека „меѓу жртвите е и новинар од Велика Британија“, без да даде дополнителни информации. Еден од проектилите го погоди хотелот со пет ѕвезди Харкив Палас.
Украинската војска извести дека нападот го извршиле неколку беспилотни летала и ирански ракети „Шахед“, лансирани од западниот руски регион Белгород.
Нападот се случи неколку часа откако руските власти тврдеа дека во украинскиот напад го градот Белгород загинале најмалку 20 цивили. Градот се наоѓа на околу 25 километри од границата на Украина со Русија. Околу 111 лица се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
РСЕ не беше во можност самостојно да ги потврди руските извештаи. Украина не одговори на извештаите.
За време на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН на 30 декември, рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја ја обвини Украина за употреба на „касетна муниција“ во наводниот напад во Белгород и рече дека тоа е „намерен, неселективен напад врз цивилна цел“.
Британскиот амбасадор во ОН Томас Фипс на седницата рече: „Ако Русија сака да обвини некого за смртта на Русите во оваа војна, тоа треба да започне со претседателот [Владимир] Путин“.
Инцидентот во Белгород се случи по масовните ракетни напади на Русија на 29 декември во кои загинаа најмалку 40 луѓе, а повеќе од 160 беа повредени во неколку украински градови, вклучително и Киев.
Во Киев, каде загинале 19 цивили, 1 јануари е прогласен за ден на жалост.
При нападите беа погодени училишта, породилиште и станбените и деловните згради. Нападите се едни од најсилните од почетокот на руската неиспровоцирана инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Во изјавата на 30 декември, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите сојузници да продолжат да обезбедуваат воена поддршка за неговата земја, велејќи дека 2024 година „ќе биде време на многу одлуки“.
Велика Британија објави дека ќе испрати „стотици“ дополнителни проектили за противвоздушна одбрана во Украина, откако премиерот Риши Сундак повтори дека „ние мора да продолжиме да стоиме со Украина онолку долго колку што е потребно“.