Студенти, средношколци и млади луѓе собрани околу иницијативата „Борба“ во саботата ја прекинаа 24-часовната блокада пред Министерството за државна управа и локална самоуправа во Белград и се приклучија на новиот протест на опозицијата.
На 30 декември во центарот на Белград се одржа нов протест на кој насобраниете граѓани побараа поништување на изборите. Организатор на протестот е неформалната граѓанска иницијатива ПроГлас, покрената од истакнати јавни личности.
Тие на властите им порачаа „Не се согласуваме“, покажувајќи им „црвени картони“.
Граѓаните протестираат од 18 декември на покана на најсилната опозициска коалиција „Србија против насилството“, која бара поништување на изборите со тврдење дека имало изборна кражба. Надлежните тоа го демантираа, а извештаите од домашни и меѓународни набљудувачи укажуваа дека имало изборни нерегуларности.
Видете и ова: Неколку илјади луѓе се собраа на новиот постизборен протест во БелградСтудентите, кои се приклучија на овој протест, ноќта ја поминаа на улица пред Министерството, а луѓе им носеа ќебиња и храна.
Ден пред протестот, на 29 декември, Републичката изборна комисија (РИК) го отфрли приговорот на коалицијата „Србија против насилството“ за откажување на изборите.
Сомнеж за регуларноста на изборите изрази и Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), која на 18 декември објави дека изборите биле одбележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни средства, доминација на медиумите на претседателот Александар Вучиќ, негативна кампања и ширење на страв.