Студентите во Србија на 29 декември започнаа 24-часовна сообраќајна блокада во центарот на Белград, протестирајќи поради наводите за изборна кражба и барајќи од надлежното министерство да ги отвори избирачкиот список.
Тие ја блокираат крстосницата на улиците „Бирчанинова“ и „Кнез Милош“, во непосредна близина на зградата на Министерството за државна управа и локална самоуправа.
Како што јави репортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ), полицијата е на терен и го регулира сообраќајот пренасочувајќи ги возилата.
Улицата „Кнез Милош“ е една од најфреквентните улици во главниот град.
Еден од организаторите Иван Бјелиќ преку мегафон рече дека за време на блокадата ќе се пропуштаат возила на брза помош.
Тој најави музичка програма за време на блокадата и поставувањето шаторски камп.
Како што најавија претходно, блокадата ќе трае 24 часа до сабота, 30 декември напладне, кога планираат да се приклучат на протестот што го најавија претставници на „ПроГлас“, иницијатива покрената пред изборите, потпишана од повеќе од 190 000 граѓани.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ова е уште еден од низата студентски протести. Последниот го организираа на 27 декември на платото пред Филозофскиот факултет, кога сакаа да ја „блокираат работата“ на министерствата со масовно јавување на телефонските броеви и со испраќање мејлови.
Тие и тој ден официјално го повторија барањето за отворање на избирачкиот список, за да се утврди дали во него има неправилности.
Студентите се приклучија на протестите кои започнаа по изборите на 17 декември, а кои ги иницираше најголемата опозициска коалиција „Србија против насилство“, обвинувајќи ја владејачката Српска напредна партија (СНС) за изборна кражба, меѓу другото, и фиктивно регистрирање на гласачи од Србија и странство на адреси во Белград.
Сомнеж за регуларноста на изборите изрази и Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), која на 18 декември објави дека изборите биле одбележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни средства, доминација на медиумите на претседателот Александар Вучиќ, негативна кампања. и ширење на страв.
Исто така, дел од европратениците побараа независна истрага за сите пријавени нерегуларности за време на изборите одржани во Србија на 17 декември.
Соединетите Американски Држави ги повикаа властите во Србија да ги истражат наводите на меѓународните набљудувачи.