Зеленски: Русија истрела 110 проектили кон Украина

Володомир Зеленски, претседател на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала околу 110 проектили кон Украина во текот на ноќта, во тоа што Киев го опишува како еден од најтешките напади во последно време.

„Денеска Русија употреби речиси секаков вид оружје од својот арсенал. Вкупно околу 110 проектили беа истрелани против Украина, а повеќето од нив беа соборени“, напиша тој на социјалните мрежи.

Во бранот руски напади загинале најмалку 10 луѓе, а десетици биле ранети ширум Украина, соопштија властите.

„Речиси 15 луѓе се повредени. Четворица загинаа во централниот регион Дњепропетровск“, изјави неговиот гувернер Сергиј Лисак, додека другите локални власти објавија дека двајца се загинати во Киев, други двајца во Одеса, а еден загинат во Харков и еден во Лавов.

Видете и ова: Експлозии во Киев, воздушна тревога низ целата земја

Хуманитарниот претставник на ОН за Украина, Дениз Браун го осуди последниот бран руски напади во кои загинаа најмалку десетина луѓе и беа ранети над 70 низ целата земја разурната од војна.

„За украинскиот народ ова е уште еден неприфатлив пример за ужасната реалност со која се соочуваат и која ја направи 2023 година уште една година на огромни страдања“, објави Браун на социјалните мрежи.

Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.