По Колорадо и сојузната држава Мејн му забрани на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се кандидира на прелиминарните избори во Соединетите Држави.
Државната секретарка на Мејн, Шена Белоус, демократ, му забрани на Трамп да учествува на републиканските прелиминарни избори, заклучувајќи дека тој поттикнал бунт со ширење на лажни тврдења за изборна измама во 2020 година, а потоа ги повика своите поддржувачи да маршираат кон Капитол.
Белоус ја суспендираше нејзината одлука додека државниот врховен суд не донесе одлука за ова прашање.
Одлуката уследи откако група поранешни пратеници во Мејн изјавија дека Трамп треба да биде дисквалификуван според одредбата од американскиот Устав со која им се забранува на луѓето да извршуваат функција доколку учествувале во бунт по полагањето заклетва во Соединетите Држави.
Видете и ова: Судот во Колорадо му забрани на Трамп да се кандидира на изборитеОдлуката, која може да биде обжалена пред државниот суд, се однесува само на прелиминарни избори во март, но може да влијае и на позицијата на Трамп за општите избори во ноември. Тоа веројатно ќе го зголеми притисокот врз Врховниот суд на САД да ги реши прашањата за подобноста на Трамп низ целата земја според уставната одредба позната како Дел 3 од 14-тиот амандман.
„Не доаѓам до овој заклучок лесно. Демократијата е света... Свесна сум дека ниту еден државен секретар никогаш не лишил пристап до гласање на претседателски кандидат врз основа на третиот дел од Четиринаесеттиот амандман. Исто така, свесна сум дека ниту еден претседателски кандидат досега не учествувал во немири“, рече таа.
Одлуката ја прави Мејн втората држава што го дисквалификува Трамп, откако Колорадо донесе одлука да го отстрани од гласачкото ливче на почетокот на овој месец. Пред Колорадо, неколку други држави, како Мичиген и Минесота, отфрлија слични напори.
Трамп вети дека ќе ја обжали пресудата од Колорадо до Врховниот суд и ги критикуваше изборите како „недемократски“. Републиканската партија Колорадо поднесе жалба до Врховниот суд во средата.