Деветти протест во Србија поради обвинувањата за изборна кражба

Фотографија од осмиот протест на опозицијата пред Републичката изборна комисија, Белград, 25 декември 2023 година.

Неколку стотици граѓани на 26 декември се собраа на покана на опозициската коалиција „Србија против насилството“ на деветтиот протест пред Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград со барање за поништувње на изборите.

Тие ја обвинуваат владејачката Српска напредна партија (СНС) за изборна кражба, што партијата и државниот врв негираат.

Нема да ја признаеме кражбата и ќе се брани изборната волја на граѓаните“, изјави кандидатот на коалицијата „Србија против насилството“ за градоначалник на Белград, Владимир Обрадовиќ.

Како што најави, протестот продолжува пред Палатата на правдата, каде се наоѓаат белградските судови и обвинителство, од каде ќе бараат ослободување на сите уапсени по протестот на 24 декември, за кои тврдат дека неправедно се во притвор.

„Внесуваат деца и ги обвинуваат за уривање на уставниот поредок бидејќи мирно демонстрирале. Тоа се наши деца, браќа, сестри, пријатели. Тие се затворени само затоа што посочиле дека некој крадел“, додаде тој.

Видете и ова: ЕУ нагласува дека насилството на протестите во Србија е неприфатливо

Речиси 40 граѓани беа уапсени по нередите пред Собранието во Белград, откако полицијата ги спречи опозицијата и демонстрантите да влезат во зградата.

Група маскирани лица фрлале камења кон градската куќа, а во таа прилика биле искршени прозорците и влезните врати, додека полицијата која беше внатре во зградата фрлаше кон нив солзавец.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се повредени осум полицајци, а претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ги обвинија претставниците на опозицијата за организирање на насилството.

Од друга страна, коалицијата „Србија против насилството“ за инцидентите обвинува „хулигани испратени од власта“, а полицијата за прекумерна сила.

Тие тврдат дека во инцидентите не учествувале приведени претставници на опозицијата и студенти, кои полицијата ги сомничи за насилничко однесување и обид за уривање на уставниот поредок.

„Ова не е борба за власт, ова е борба за слобода и сите треба да учествуваме во таа борба“, рече Срѓан Миливојевиќ од Демократската партија, која е дел од опозициската коалиција.

Видете и ова: Руски служби и протести на српската опозиција - поддршка за Вучиќ и обвинувања против Западот

Претседателот на синдикатот „Слога“, Жељко Веселиновиќ во своето обраќање пред толпата апелираше до државните органи „да ги ослободат сите незаконски приведени“.

„Ова што се случи пред некоја вечер не е напад на уставниот поредок. Апелирам и до меѓународните и синдикалните организации да вршат притисок врз нивните земји да променат нешто“, рече Веселиновиќ.

Тој рече и дека е загрижен за здравјето на претставниците на опозицијата кои штрајкуваат со глад, особено на лидерката на коалицијата Мариника Тепиќ, која од 18 декември штрајкува со глад во седиштето на РИК.

Секојдневните опозициски протести започнаа по изборите на 17 декември, откако Српската напредна партија (СНС) прогласи победа на сите нивоа. Опозицијата, меѓу другото, ја обвинува СНС дека фиктивно ги регистрирала своите гласачи од Србија и од странство на обраќања во Белград.

Републичката изборна комисија (РИК) на 24 декември соопшти дека ресорните министерства ги проверувале избирачките списоци и утврдиле дека тврдењата на коалицијата „Србија против насилството“ дека бројот на гласачи со право на глас на изборите во Белград е вештачки зголемен во со цел да се влијае на исходот на изборите „не се точни“.