Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за НАТО, што е клучен чекор кон проширување на западниот блок по 19-месечно одложување во кое Анкара бараше отстапки од Стокхолм поврзани со тероризмот, пишува Ројтерс.
Следен чекор е гласањето во парламентот, кое се очекува да се одржи во рок од неколку недели и таму да биде одобрена кандидатурата.
Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише нацрт-законот, со што ќе заврши процесот што ги фрустрира сојузниците на Анкара и ги тестираше нејзините врски со Западот.
Видете и ова: Турција го поврзува влезот на Шведска во НАТО со купувањето борбени авиони од САДШведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година по руската инвазија на Украина.
Анкара го ратификуваше членството на Финска, но се спротивстави на Шведска, тврдејќи дека Стокхолм ги штити групите што ги смета за терористички.
Унгарија исто така не го ратификуваше членството на Шведска, но Турција се смета за главна пречка за нејзиниот пристап.