Нетанјаху се залага за „доброволна миграција“ на Палестинците

Бенјамин Нетанјаху на седница на Влада, 24 декември 2023 година

Израелски медиуми објавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се залага за планови за спроведување на „доброволна миграција“ на Палестинците од Газа во други земји.

Според израелскиот весник „Хајом“, Нетанјаху ова го изјавил за време на затворена парламентарна седница со претставници на неговата владејачка партија Ликуд.

„Наш проблем се земјите кои се подготвени да ги примат и работиме на тоа“, рекол тој.

Дени Данон од партијата Ликуд за време на седницата посочил дека има земји кои всушност го покренале ова прашање, вклучително и канадскиот министер за имиграција Марк Милер и поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли.

Видете и ова: Египет има нов предлог за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас

Тој додал дека Израел мора да формира комитет за следење на ова прашање за да се осигура дека секој што сака да се пресели во трета земја може да го стори тоа.

Во неколку наврати, Соединетите Држави, арапските и европските земји изразија силно противење на наметнување на каква било форма на „присилна миграција“ на Палестинците во Газа.

Палестинската страна, вклучително и Палестинската управа и групата Хамас, се уште не ги коментираа овие наводи.