Руските власти ги обвинија западните земји за „поттикнување“ на протестите на опозицијата во Србија, а властите во Белград им се заблагодарија на службите на Москва „за информациите за подготовка на инциденти“ во главниот град.
Утрото откако полицијата ги растури демонстрациите поради наводи за изборна кражба, српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал рускиот амбасадор за „немирите во Белград“.
За разлика од Вучиќ, кој не соопшти повеќе детали за средбата, Александар Боцан Харчеко го обвини Западот дека „поттикнува“ протести на опозицијата.
Видете и ова: Кремљ го „поздрави“ успехот на Вучиќ на изборите во Србија„Сите обиди да се разниша владеењето на Вучиќ се, пред сè, поврзани со неговиот цврст став дека тој нема да се приклучи на антируските санкции“, рече Харченко на 25 декември за руската телевизија „Росија 24“.
До објавувањето на овој текст, Брисел не одговори на прашањата на Радио Слободна Европа (РСЕ) во врска со обвинувањата дека Западот поттикнува протести во Србија.
Опозициската коалиција „Србија против насилство“ ги отфрла и наведува дека инцидентите на протестот со кој се бара поништување на изборите биле предизвикани од „хулигани испратени од власта“.
Најголемата опозициска коалиција организира секојдневни протести тврдејќи дека владејачката Српска напредна партија (СНС) победила преку изборна кражба.
Видете и ова: Уапсени демонстранти, повредени полицајци на протестите во БелградРечиси 40 демонстранти беа уапсени на 24 декември за време на протестот пред Собранието во Белград, откако група маскирани лица се обидоа да влезат во градското собрание.
МВР соопшти дека во нередите се повредени седум полицајци.
Што вели владата во Белград?
Вечерта кога се случија инцидентите на седмиот по ред протест на опозицијата, пред да излезе Жандармеријата на улица, претседателот на Србија им се заблагодари на „странските служби“ кои им „дадоа информации“ за можни инциденти на српските служби.
Премиерката Ана Брнабиќ појасни за кого се работи, наведувајќи дека информацијата ја дала руската служба за безбедност.
„Кога лично го споделив со некои амбасадори, тие не обвинија дека шириме дезинформации, невистини, дека и веруваме на руската служба и дека сето тоа е глупост“, изјави премиерот на Србија за ТВ Пинк на 24 декември.
Српските власти ги одржуваат врските со Кремљ и по руската инвазија на Украина, и покрај повиците од Европската унија Србија, како земја кандидат за членство во Унијата, да воведе санкции кон Русија.
Видете и ова: Осми протест во Белград, студентите го одблокираа сообраќајот во центарот на градотПретседателот и премиерот ја обвинија опозициската коалиција дека се обидува „насилно да ја дестабилизира државата“, а протестите во Белград ги споредија со Мајдан, демонстрациите во Киев по кои беше соборен прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович.
„Ова не е производ на внатрешна мудрост или незнаење, туку дел од геополитичките околности за обид да се уништи независноста, независноста и суверенитетот на Србија“, рече претседателот Вучиќ во вонредното обраќање на 24 декември.
Слични пораки од Русија
Руските власти, исто така, ги споредуваат протестите на опозицијата во Србија со Мајдан и ги обвинуваат западните земји дека ги охрабруваат демонстрациите.
„Обидите на Западот да ја раздвижи и онака напнатата политичка ситуација во Србија, користејќи испробан рецепт за поттикнување пуч во стилот на Мајдан, се очигледни и целосно транспарентни“, изјави Захарова за агенцијата ТАСС на 25 декември.
Слична изјава по средбата со претседателот на Србија даде и рускиот амбасадор во Белград.
По немирите на 25 декември, Стејт департментот повторно го повика Белград да соработува со мисијата на ОБСЕ, нагласувајќи дека насилството врз новинарите, набљудувачите и изборните службеници е „неприфатливо“.