Продолжување на мерката „гарантираната цена“ до крајот на јануари 2024 година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши во посета на маркет во Скопје.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за ТВ 24 најави продолжување на гарантираните цени на одредени производи за уште еден месец. Мерката беше предвидено да заврши со крајот на 2023 година, но, Бектеши кажа дека замрзнатите цени ќе се практикуваат се додека не биде донесен Законот за нефер трговски практики.

Министерот вели дека овој закон е со европско знаменце и очекува дека постапката во Собранието ќе оди побрзо.

„Денеска ќе имаме средба на која најверојатно ќе усвоиме продолжување на замрзнувањето на цените, односно оние замрзнати цени, а тоа ќе трае се до донесувањето на Законот за нефер трговски практики. Конечната одлука за загарантираните цени ја носи Владата по предлог на Министерството за економија, вели Бектешки.Конечната одлука за загарантираните цени ја носи Владата по предлог на Министерството за економија, вели Бектеши.

Видете и ова: Цените на храната „здивеа“ од мерките на Владата

Според Бектеши, за време на кризата, најголема добивка имаа трговците на мало со неправедно зголемување на цените кои граѓаните со ниски приходи не можеа да ги покријат.

Освен продолжување на мерката за гарантираните цени, Бектеши најави и нови мерки за граѓаните, а особено за студентите.