Украинската армија соборила 28 дронови лансирани од Русија

илустрација

Русија во текот на ноќта истрелала 31 беспилотно летало и два проектила во Украина, главно насочени кон јужните украински региони. Според украинската армија противвоздушната одбрана уништила 28 беспилотни летала и два проектила.

„За време на воздушната борба, украинските воздухопловни сили и ПВО уништија 28 беспилотни летала „Шахед“ во регионите Одеса, Херсон, Миколаев, Доњецк, Кироворад и Хмелницки“, соопштија украинските воздухопловни сили.

Видете и ова: Нов руски напад со 35 дронови врз Украина

Нема извештаи за жртви или причинета материјална штета.

Војската ги повтори претходните извештаи дека два руски воени авиони биле соборени во близина на рускиот окупиран град Мариупол на Азовското Море во јужна Украина и во близина на окупираниот град Доњецк во источна Украина.

Русија на 24 февруари 2022 година ја почна инвазијата врз Украина.