Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Јозеп Борел.
Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.
„Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население“, рече Борел.
Видете и ова: Предизборни анкети: Екстремната десница со најмногу гласови во ХоландијаШефот на европската дипломатија вели дека прифаќа дека постојат и реални и согледани причини за загриженост, но ги повика гласачите да ги поддржат политичките сили кои можат да дадат јасна анализа на ситуацијата.
Борел се осврна и на моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа. Тој рече дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на Унијата, а во случајот со Украина, дека стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот.
Видете и ова: Шолц загрижен за зголемената поддршка за екстремната десницаБорел рече дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор што ќе и овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина. За ситуацијата во Газа, тој рече дека Хамас не е само воена сила, туку идеја и како таква може да се победи само со подобри идеи, а не само со бомби.