Полските камионџии на 24 декември ја прекинаа блокадата на граничниот контролен пункт со Украина, рече Киев, неколку дена откако земјите разговараа за решавање на спорот што ги влоши односите.
Полските транспортери ги блокираа премините од почетокот на ноември во знак на протест против, како што велат, нелојалната конкуренција од украинските камионџии.
Видете и ова: Полските земјоделци го стопираа протестот на украинската граница, но камионите остануваатУкраинската гранична стража на 24 декември соопшти дека протестот на контролниот пункт Медика-Шехини завршил во 9:30 часот, а регистрацијата и преминувањето на камионите продолжиле „како и обично“.
Европската унија се откажа од барањето украинските транспортни компании да поседуваат дозволи за влез во знак на солидарност по руската инвазија во февруари 2022 година.