Проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду на 24 декември дека има намера да се кандидира за втор претседателски мандат кон крајот на 2024 година, со цел прашањето за европската интеграција на земјата да го, како што вели, доведе до логичен заклучок.
„Имаме уште важни чекори што треба да ги преземеме и ветувам дека ќе продолжам, доколку ми ја дадете довербата за нов мандат“, рече Санду во изјавата објавена на претседателската веб-страница.
Санду, поранешен економист на Светска банка, која се залага за поблиски врски со Европската унија, го победи промосковскиот актуелен претседател Игор Додон на вториот круг гласање во декември 2020 година.
Претседателските избори треба да се одржат во ноември-декември 2024 година, а точниот датум ќе го одреди парламентот.
Интеграцијата со ЕУ е една од целите на Санду, при што Брисел претходно овој месец го објави почетокот на пристапните преговори со Кишињев.