Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на владата во неделата ги отфрли извештаите и тврдењата дека САД го убедиле Израел да не ја прошири својата воена активност.
„Видов лажни информации со кои се тврди дека САД не спречиле и не спречуваат да дејствуваме во регионот“, рече Нетанјаху, без да прецизира на кои извештаи се однесуваат.
„Ова не е точно. Израел е суверена држава. Нашите одлуки во војната се засноваат на нашите оперативни размислувања и јас нема да елаборирам за тоа“, додаде тој.
Весникот „Волстрит журнал“ во саботата објави дека Нетанјаху бил убеден од американскиот претседател Џо Бајден да не ја напаѓа милитантната група Хезболах во Либан поради страв дека ќе изврши напад врз Израел, сличен на Хамас на 7 октомври на југот на Израел.
Нетанјаху во неделата инсистираше на тоа дека акциите на Израел „не биле диктирани од надворешни притисоци“.
„Одлуката за тоа како да ги користиме нашите сили е независна одлука на израелските одбранбени сили и на никој друг“, рече Нетанјаху.
Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот усвои текст на резолуцијата за Појасот Газа, во која се повикува на итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава, но испуштајќи го повикот за „итен прекин на непријателствата“ меѓу Израел и Хамас.
Според проценките на ОН, речиси 80 отсто од населението на Газа од 2,4 жители е раселено поради борбите.