Украина најверојатно ќе ја добие својата прва испорака на напредни Ф-16 во следните неколку дена, му рекол холандскиот премиер Марк Руте на претседателот Володимир Зеленски во телефонски разговор додека Киев се обидува да ја наруши надмоќта на Русија над небото на Украина.
„Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина“, напиша Руте доцна на 23 декември во објава на мрежата Х порано позната како Твитер.
Холандскиот премиер оцени дека „испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи на договорот за воена поддршка на Украина“.
Видете и ова: Столтенберг: Путин ја загуби Украина засекогаш
Украина постојано ги повика сојузниците да обезбедат авиони за да се спротивстават на руската воздушна супериорност во делови од Украина окупирани од руските сили.
САД најавија дека заедно со Данска и Холандија ќе ја предводат коалицијата и ќе помогнат во организирањето на донацијата на авиони, плановите за нивно одржување и обуката на пилоти.