Руската Комунистичка партија на 23 декември го номинираше Николај Харитонов (75) за противкандидат на актуелниот руски претседател Владимир Путин на претседателските избори кои ќе се оддржат во март следната година.
Харитонов се кандидираше против Путин во 2004 година, и тогаш освои 13,7 отсто од гласовите наспроти објавените 71,3 отсто на Путин.
Видете и ова: Русија спречи кандидат да учествува на претседателските избориНајавата за канидадатурата на Харинтонов доаѓа во истиот ден кога руската Централна изборна комисија и забрани на новинарката Екатарина Дунцова, која повика на мир во Украина, да се кандидира за претседател, наведувајќи ги наводните грешки во нејзината апликација да се регистрира како кандидат.
Се очекува Путин повторно да победи на изборите, бидејќи Москва со години ги спречуваше и оддалечуваше противниците од изборите и политичката сцена, што се интензивираше откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.