ОН предупредува на можна екзекуција на шведски државјанин во Иран

Обединетите нации на 23 декември предупреди дека познат професор по медицина со иранско и шведско државјанство се соочува со неизбежна егзекуција во Иран. Станува збор за д-р Ахмадреза Џалали кој во 2017 година беше осуден на смртна казна поради обвиненија за шпионажа.

„Вознемирувачки вести дека д-р Ахмадреза Џалали наскоро би можел да биде погубен под обвинение за „непријателство против Бог““, соопшти канцеларијата за човекови права на ОН.

Пред неговото апсење во Иран во април 2016 година, Џалали беше визитинг професор по медицина при катастрофи на Универзитетот Врије во Брисел, белгиски истражувачки универзитет.

Видете и ова: Иран се закани со затворање на пристапот до Средоземно море поради Газа

Канцеларијата за права на ОН соопшти дека неговата егзекуција би можела да се случи наскоро „и покрај неуспехот да се почитуваат стандардите за правично судење и правична постапка“.

„Иран мора да ја запре оваа егзекуција“, бара Канцеларијата за човекови права на ОН.

Коментарите се појавија поради стравувањата дека одлуката на шведскиот апелационен суд со која се потврдува осудата на поранешниот ирански затворски службеник Хамид Нури може да ја загрози судбината на неколку шведски затвореници во Иран.