Полските земјоделци го стопираа протестот на украинската граница, но камионите остануваат

Протест на возачи на камиони на полско-украинската граница

Полските земјоделци ќе го прекинат протестот на граничниот премин со Украина кај Медика од недела, но камионџиите ќе ги продолжат блокадите на три други премини за Божиќ и ќе дозволат да поминуваат уште помалку камиони отколку порано, соопштија организаторите на протестот во саботата на 23 декември.

Полските возачи блокираа неколку премини со Украина од 6 ноември, барајќи од Европската унија да го врати системот според кој на украинските компании им требаат дозволи за работа во блокот, а истото и за европските камионџии кои сакаат да влезат во Украина.

Видете и ова: Потрага по надеж: Искуства на бегалците и мигрантите

Подоцна им се придружија земјоделците кои бараа владини субвенции за пченката и да нема зголемување на даноците.

Роман Кондроу, еден од водачите на земјоделците кои протестираат, по разговорите со министерот за земјоделство Чеслав Сиекиерски изјави дека протестот во Медика ќе биде прекинат од недела наутро до 2 или 3 јануари 2024 година.

Сепак, камионџиите рекоа дека ќе останат на границата за време на Божиќ и ќе пропуштаат само еден комерцијален камион на секои три часа, наместо три на секој час.