Иран се закани со затворање на пристапот до Средоземно море поради Газа

Архивска фотографија, војник

Иранската револуционерна гарда се закани дека пристапот преку линијата Гибралтар - Суец до Средоземното Море би можело да биде затворен доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, објавија иранските медиуми на 23 декември. Ова го изјави командантот на иранската револуционерна гарда Реза Накди без да објасни како може тоа да се случи.

Иран ја поддржува палестинската милитантна група Хамас, која е прогласена за терористичка организација од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Видете и ова: Блинкен ги осуди нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море

Иран го обвинува Вашингтон дека ги поддржува, како што ги нарекува, израелските злосторства во Газа, каде неколкунеделното бомбардирање уби илјадници луѓе.

„Тие наскоро ќе го чекаат затворањето на Средоземното Море, преку протокот на Гибралтар и другите водни патишта“, изјави Накди, пренесува иранската новинска агенција Тасним.