Најмалку 130 вработени во ОН загинале во Газа

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им оддаде почит на починатите членови на персоналот на Обединетите нации, кои загинаа во последната војна во Газа.

„ Најмалку 136 наши колеги во Газа се убиени за 75 дена, тоа е нешто што никогаш не сме го виделе во историјата на ОН“, напиша Гутереш на онлајн платформата X, порано позната како Твитер, на 23 декември.

„Повеќето од нашиот персонал беа принудени да ги напуштат своите домови. Им оддавам почит на нив и на илјадниците хуманитарни работници кои ги ризикуваат своите животи додека ги поддржуваат цивилите во Газа“, напиша Гутереш.

Видете и ова: ЕУ објави план за помош на палестинските власти од 118 милиони евра

Војната во Појасот Газа започна со нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој, според израелските податоци, загинаа 1200 луѓе, а околу 240 лица беа земени како заложници.

Во главниот град на Египет, Каиро во моментов се водат разговори за ново примирје на војната, иако првите разговори во средата не вродија со плод, а од палестинската милитантна група Хамас, наводно, соопштиле дека нема да се согласат на уште една привремена пауза во борбите.