Тајван се жали на зголемена воена активност на Кина

Илустрација

Тајван на 23 декември соопшти дека се забележани кинески воени авиони и воени бродови околу островот, вклучително и авиони кои ја минуваат чувствителната средна линија на Тајванскиот теснец, додека Пекинг продолжува со воените активности на три недели до гласањето на Тајван.

Кина, која го смета Тајван за своја „отцепена провинција“, не ја признава средната линија или „зоната за идентификација на воздушната одбрана“.

Видете и ова: Пекинг го разреши министерот за одбрана


Демократски управуваниот Тајван четири години се жали на редовни кинески воени патроли и вежби во близина на островот.

Во тек е кампања за претседателските и парламентарните избори во Тајван на 13 јануари. Односите со Кина се главната тема во политичкиот дискурс во време на изборна година во Тајван. Во тек се политички изборни кампањи во пресрет на претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат на 13 јануари во Тајван.