Парламентот на Холандија гласаше за влез на Бугарија во Шенген зоната, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Калин Стојанов.
Сега единствена пречка останува опозицијата на Австрија“, рече Стојанов на 22 декември.
Tој изјави дека во тек се интензивни преговори меѓу Бугарија и Романија со австриски претставници.
Се надевам дека Австрија ќе донесе одлука во наредните денови, но се сомневам дека тоа би можело да се случи пред Нова година“, изјави Стојанов.
Софија и Букурешт се обидуваат да влезат во Шенген зоната, но досега беа спречени од опозицијата на Австрија и Холандија. Бугарија беше блокирана и од Унгарија поради воведувањето на транзитна такса на рускиот гас, но по суспензијата на таа такса се откажа од противењето.
Премиерот на Бугарија Николај Денков изјави дека одлуката на Холандија е очекувана и дека Софија сега е во подобра позиција за преговори со Австрија.
Видете и ова: Бугарија го укина данокот за транзит на руски гас за да обезбеди влез во Шенген зонатаТој рече и дека во преговорите се земаат предвид резервите на австриската страна во однос на илегалната миграција.
Одлуката на холандскиот парламент ја поздрави и вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел.
Сигурен сум дека тоа е во интерес на целата Европска унија“, изјави Габриел.
Експертската мисија на Европската комисија пред една година оцени дека Бугарија, Романија и Хрватска се подготвени да влезат во Шенген, но Холандија и Австрија не се согласија со тоа. Холандија остро се спротивстави на приемот на Бугарија, а Австрија и Бугарија и Романија .
Претходно, во ноември 2022 година, холандскиот парламент усвои резолуција со која се бара од владата да изврши проверки пред да донесе одлука за прием на Бугарија и Романија.
Од трите споменати земји, само Хрватска влезе во Шенген на 1 јануари годинава.
Шенген зоната е најголемата област во светот каде што е можно патување без пасош. Вклучува 22 членки на Европската унија, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.