Бајден помилува илјадници осудени за поседување марихуана

Илустрација

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, ќе помилува илјадници лица осудени според федералниот закон за поседување марихуана, објави Белата куќа.

Според соопштението на 22 декември, одлуката се однесува на осудените лица под федерална јурисдикција и тие можат да поднесат барања за помилување до канцеларијата на Министерството за правда.

Исто така, беше најавено дека Бајден ќе помилува 11 лица кои отслужуваат „несразмерно долги“ казни за ненасилни прекршоци за дрога.

„Премногу животи се уништени поради нашиот неуспешен пристап кон марихуаната. Време е да ги исправиме погрешните“, рече Бајден.

Видете и ова: Германската Влада го одобри првиот чекор за декриминализирање на канабис

Тој додаде дека криминалните досиеја за употреба и поседување марихуана поставуваат непотребни бариери за вработување, домување и еднакви можности за образование за сите.

Сегашната одлука следи по сличната имплементирана пред среднорочните избори во САД во 2022 година, што им овозможи на илјадници осуденици за канабис да се квалификуваат за помилување.

Бајден ги повика гувернерите и локалните лидери да преземат слични чекори кон укинување на пресудите за марихуана. Во САД, марихуаната е декриминализирана или легализирана во многу држави, за некои или за сите цели, но останува контролирана супстанција според федералниот закон.

Видете и ова: Сериозен ризик од мозочен удар - Младите сѐ повеќе на сомнителен кокаин

Повеќето држави во САД дозволуваат употреба на марихуана за рекреативни и медицински цели.

Министерството за здравство на САД препорача во август Администрацијата за спроведување на дрога да ги олабави ограничувањата за марихуаната со тоа што ќе ја премести на листата на лекови број три. Американската агенција за борба против дрогата (ДЕА) ја класифицира како дрога од Првиот распоред, заедно со хероин и ЛСД.