Со 97 гласа „за“ пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа одлуката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
За овој состав на ДКСК се согласија и власта и опозицијата во Собранието на РСМ според нив се избрани идеалени членови кои ќе работат на спречување на корупцијата во земјава но и на предмети од коруптивен карактер. Без да има дебата е изгласана новата комисија.
Претседател на комисијата ќе биде досегашната ревизорка Татјана Димитровска која во следните пет години ќе стои на чело ДКСК.
За членови на Комисијата се избрани и судијката во Граѓанскиот суд Скопје, Софија Спасова Медарска, двајца досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, но и ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.
Мандатот на новата комисија започнува од 8 февруари.
Државната комисија за спречување корупција е една од ретките институции ако не и единствена каде функционерите немаат право на реизбор, со што нема можност за „поправен“ за актуелниот состав. Досегашната претседателка Билјана Ивановска смета дека решиле доволно предмети со назнаката „корупција“, но поразително е што ниту еден не е процесуиран од Државното обвинителство до надлежен суд.
За претседател и членови на ДКСК, беа пријавени 41 кандидат кои на 23, 24 и 25 ноември беа испрашувани од Комисијата за избор.