ЕУ објави план за помош на палестинските власти од 118 милиони евра

Илустрација

Европската унија објави нов план за помош од 118 милиони евра наменети за палестинските власти.

Владата е одговорна за Западниот Брег - но не и за Газа - кој е управуван од Хамас.

Европската комисија објави дека помошта ќе помогне во исплата на платите и пензиите на државните службеници на Западниот Брег, социјалните додатоци за ранливите семејства и плаќањето на медицински упати до болниците во источен Ерусалим.

ЕУ е исто така подготвена да продолжи да и помага на палестинската управа на долг рок, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Размислуваме за поширок среднорочен пакет за следната година со цел да придонесеме за економската и политичката стабилност на Газа и на Западниот Брег, кога теренот ќе дозволи, како дел од пошироките меѓународни напори за повторно воспоставување на решение за двете држави“, се вели во соопштението.

Видете и ова: Во Белград забранет собир за поддршка на Палестинците, се жалат организаторите

„Помошта треба да стигне до оние на кои им е потребна со сите неопходни средства, вклучително и хуманитарни коридори и паузи за хуманитарни потреби“, рече таа.

Инаку претходно во текот на денот министерството за здравство во Газа, кое го води Хамас, соопшти дека во последните два дена во Појасот Газа се убиени речиси 400 луѓе.

Вкупно 390 лица загинаа, а други 734 се повредени.

Од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, Министерството тврди дека се убиени повеќе од 20.000 луѓе.