Јапонската влада на денешната седница (22 декември) го одобри новиот буџет за следната година со кој драстично се зголемуваат трошоците за одбрана во согласност со новата безбедносна стратегија усвоена пред една година од владата на премиерот Фуми Кишида.
Буџетот треба да биде одобрен од парламентот кога ќе се состане на почетокот на следната година, а нацрт-буџетот од 7,95 трилиони јени (50 милијарди евра) за фискалната 2024 година, која започнува во март, ја означува втората година од петгодишната програма за зајакнување на војската.
Јапонија, исто така, планира да потроши 43 трилиони јени (272 милијарди евра) до 2027 година за да ја зајакне својата воена моќ и речиси двојно да ги зголеми годишните трошоци на околу 10 трилиони јени (61 милијарда евра), со што Јапонија станува трет по големина воен потрошувач во светот, по Соединетите Држави и Кина.
Видете и ова: Јапонија вети дополнителни милијарда долари помош за УкраинаЗемјата, исто така, дополнително ќе ја зајакне војската со борбени авиони Ф-35 и друго американско оружје, бидејќи јапонските трупи сè повеќе соработуваат со сојузниците и преземаат сè поофанзивни улоги.
Централно место во новиот буџет за 2024 година е зајакнувањето на воздушната одбрана, особено за заштита на југозападните острови на Јапонија во случај да избие конфликт меѓу Кина и Тајван.
Официјални лица наведуваат дека ваквиот владин потег е резултат на фактот дека Јапонија се соочи со својата најтешка безбедносна ситуација во повоената ера, што исто така, ја наведе да ги засили заедничките воени вежби со САД, Австралија, Велика Британија и другите пријателски земји.