Пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, се одржува четвртиот протест на кој се бара распишување на избори на сите нивоа, вклучително и оние за советници на главниот град Белград.
Демонстрантите се собраа и на 21 декември на покана на најголемата опозициска коалиција „Србија против насилството“, која тврди дека победата на владејачката Српска напредна партија (СНС) е резултат на изборна кражба.
Коалициската претставничка Мариника Тепиќ, која штрајкува со глад од 18 декември, им порача на демонстрантите на протестот дека на штрајкот со глад треба да се приклучат уште две пратенички од опозицијата, Јелена Милошевиќ од Ниш и Даниела Грујиќ од Нови Сад.
Таа испрати порака дека уште повеќе ќе ја засилат борбата, „се додека не се поништат изборите“.
Еден од лидерите на коалицијата, Мирослав Алексиќ, изјави дека претставниците на „Србија против насилството“ добиле дозвола од Републиканската и Градската изборна комисија да извршат увид во избирачкиот список.
Видете и ова: Трет ден протести во Белград, „Србија против насилство“ бара поништување на изборитеВакво барање поднесоа претходно на 21 декември бидејќи, како што наведуваат, „имаат докази дека се украдени изборите во Белград“.
Алексиќ, исто така, изјави за новинарите дека другата опозициска коалиција, НАДА, го поддржала барањето за поништување на изборите.
СНС пак ги отфрли обвинувањата за изборна кражба и, како што порачаа „поништување на волјата на граѓаните“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на 21 декември изјави дека изборите одржани на 17 декември „биле најчистите и најфер досега“.
Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на 18 декември објави дека изборите ги одбележале сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавни средства, медиумска доминација на претседателот Александар Вучиќ, како и негативна кампања и ширење страв.
Видете и ова: Изборите во Србија како референдум за владеењето на ВучиќДел од европратениците повикаа на независна истрага за сите пријавени нерегуларности за време на изборите одржани во Србија на 17 декември.
Соединетите Американски Држави, исто така, ги повикаа властите во Србија да ги истражат наводите на меѓународните набљудувачи за изборни нерегуларности.
Граѓаните на Србија на 17 декември гласаа на парламентарни, покраински и локални избори во 65 градови и општини, вклучувајќи го и Белград.
СНС прогласи победа на сите нивоа.