Хамас тврди дека палестинските групи ја отфрлиле можноста за понатамошно ослободување на заложниците додека Израел не се согласи да стави крај на војната во Газа.
Во соопштението објавено на Телеграм, во објавата на Хамас стои: „Постои палестинска национална одлука да не се разговара за договори за затвореници или за нивна размена, освен по сеопфатен прекин на агресијата“.
Не е јасно на кои други палестински фракции се однесува изјавата. Исламски џихад, помала група во Појасот Газа, држи и израелски заложници.
Во главниот град на Египет, Каиро во моментов се водат разговори за ново примирје на војната, иако првите разговори во средата не вродија со плод, а од Хамас, наводно, соопштиле дека нема да се согласат на уште една привремена пауза во борбите.
Видете и ова: ОН бараат истрага од Израел за „можно воено злосторство“ во ГазаЗа време на шестдневниот прекин на огнот кон крајот на ноември, 105 израелски заложници беа ослободени во замена за Палестинците кои беа држени во затвори. Се верува дека околу 120 израелски заложници се уште се во заробеништво.
Израел постојано одбиваше траен прекин на огнот со Хамас, а министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир, во објава на социјалната мрежа X рече дека запирањето на израелските сили пред Хамас да биде поразен и сите заложници да се вратат ќе претставува „неуспех“.