Комисијата за човекови права на ОН побара од Израел да отвори истрага за можното извршување на воени злосторства од страна на неговите сили во Газа.
Во соопштението од средата, 20 декември, агенцијата на ОН рече дека добила вознемирувачки информации во врска со смртта на 11 невооружени Палестинци во градот Газа.
Тие го загубија животот во вторникот вечерта при акција на израелската армија во станбена зграда во која се засолниле неколку семејства.
„Израелските војници „наводно одвоиле мажи од жени и деца, а потоа пукале и убиле најмалку 11 мажи пред членовите на нивните семејства“, се вели во сведочењето објавено од ЕуроМед Опсерваторија за човекови права.
Агенцијата на ОН ја потврди смртта на 11 Палестинци, но нагласи дека „околностите за смртта се уште се истражуваат“.
„Израелските власти мора веднаш да спроведат независна, темелна и ефикасна истрага за овие наводи“, се нагласува во соопштението.
Израелските власти засега не го коментираат обвинението.
Војната во Појасот Газа започна со нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, во кој, според израелските податоци, загинаа 1200 луѓе, а околу 240 лица беа земени како заложници.