Изборнaта листа „Србија против насилството“ испрати писмо до европските институции и бараат да не ги признаваат резултатите од парламентарните, покраинските, а особено од локалните избори во Србија, додека не заврши целосната меѓународна истрага за изборните нерегуларности.
Во писмото се наведува дека „Србија против насилството“ не ги прифаќа и нема да ги прифати резултатите од изборите одржани на 17 декември 2023 година.
Од претставниците на европските демократии се бара да започнат „целосна меѓународна истрага за изборните нерегуларности под покровителство на ОБСЕ, Советот на Европа и Европската комисија, со посебен акцент на изборите за градското собрание на Белград“.
Крајниот рок за поднесување на независниот извештај треба да биде 15 февруари, велат од „Србија против насилството“.
Видете и ова: Упориштата на Кремљ во новиот парламентарен состав на СрбијаТие бараат и формирање на Меѓународен комитет за верификација под покровителство на Европскиот парламент, со учество на сите четири главни политички групи (ЕПП, СД, РЕ и Зелените/ЕФА) и четирите водечки изборни листи во Србија (СНС, СПН, СПС и НАДА).
„Комисијата треба да го провери спроведувањето на сите препораки три месеци пред датумот на изборите, а новите избори за градското собрание на Белград мора да се поклопат со претстојните редовни локални избори“, наведува „Србија против насилството“.
Писмото е упатено до претседателите на Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија, членовите на ЕП, претседателите на комисиите за надворешни работи на парламентите на земјите членки на ЕУ, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедноста, колеџот на комесари и претставници на земјите-членки.
Видете и ова: Трет ден протести во Белград, „Србија против насилство“ бара поништување на изборитеКако примери за злоупотреби пред изборите, на денот на гласањето и по затворањето на гласачките места, СПН наведува „недвосмислени докази за купување гласови“.
„Доколку Европската Унија ја пропушти оваа можност да ја изрази својата поддршка за граѓаните на Србија кои бараат демократија и основни европски вредности во овој критичен момент, секоја перспектива за демократска и европска Србија како идна земја-членка на ЕУ ќе биде огромен удар“, се наведува во писмото на дел од опозицијата.