Украина во четврток (21 декември) соопшти за нов ноќен напад од Русија, со 35 дронови „Шахед“ од иранско производство, од кои 34 се соборени.
Нападите беа извршени „во бранови“ во текот на ноќта, од Чауда (на окупираниот полуостров Крим), од градот Приморско-Ахтарск (на источниот брег на Азовското Море) и од градот Курск, кој се наоѓа во близина на северната граница на Украина, објавија украинските воздухопловни сили на платформата Телеграм. Тие посочија дека 34 од 35-те беспилотни летала биле соборени, но не пријавиле жртви или штета.
Видете и ова: Делови од соборен руски дрон убија едно лице во ОдесаРусија речиси секоја вечер ја напаѓа Украина со дронови и проектили.
Киев ја обвинува Москва дека се обидува да го тероризира цивилното население и да ја уништи нејзината енергетска инфраструктура за да ги остави луѓето во мрак и студ, како што направи минатата зима.
Меѓутоа, оттогаш Украина ги зајакна своите системи за противвоздушна одбрана со западно оружје што и овозможува да ги уништи повеќето од беспилотните летала и ракети камикази испратени од Русија