Гласањето во Советот за безбедност на ОН за планот за прекин на огнот во Газа е повторно одложено за да се овозможи продолжување на преговорите. Новото време е среда околу 16:00 часот, по состанокот на Советот за Авганистан.
Од друга страна шефот на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања Џема Конел изјави дека хуманитарната пауза за да се дозволи помош во Газа „не е она што е потребно во моментов“. Конел вели дека војната мора да заврши бидејќи паузата „нема да обезбеди олеснување што ќе овозможи реанимација на Појасот Газа“.
„Тоа не им дава шанса на луѓето да се вратат во живот. Тоа не им дава шанса на децата кои моментално живеат во шатори надвор од местото каде што јас престојувам, да се вратат во своите домови и да ги обноват“, рече таа. Би-Би-Си.
Видете и ова: Најмалку 20 убиени во Рафа, одложено гласањето на Советот за безбедност за прекин на огнотВо меќувреме баптистичката болница Ал Ахли, лоцирана во Појасот Газа, престана со работа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
„Болницата „Ал Ахли“ е надвор од функција поради бомбардирањето, опсадата и апсењето на неколку припадници на медицински персонал, се вели во соопштението, пренесува Си-Ен-Ен.
Ал Ахли беше една од ретките делумно функционални медицински установи во Газа.
Во моментов, само 11 од 36 болници делумно функционираат во Појасот Газа.
Повеќе од 18 800 Палестинци, од кои 70 отсто се жени, мали деца и адолесценти, се убиени во Појасот Газа во израелските бомбардирања од 7 октомври.